еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција ќе се штити од пожари со дронови

Користење на најсовремени технологии во заштитата од шумските пожари преку набавка на над 100 дронови за следната година, најави државниот министер во грчката Влада, Акис Скерцос во интервјуто за грчкото радио „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина.

Скерцос објасни дека во националната програма за цивилна заштита вклучено е и купување дронови за воздушно набљудување, за што државата ќе објави тендер, а од следната сезона на пожари, Грција „ќе биде опремена со над 100 дронови како оние што ги користат армијата или крајбрежната служба“.

За вработените во полицијата, противпожарната и крајбрежната служба, државниот министер рече дека бројот е зголемен за 5,5 отсто, односно за 4.166 лица.

Објасни дека во 2019 година воздушните средства за гаснење пожари биле 61, а сега се 89, од кои 40 државни и 49 изнајмени.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф.Трајковски: Имунитет скапо го плативме со околу 16.000 починати, но барем отсега понатаму влегуваме во помирни епидемиски води

Редакција

Прашање за милион долари: Како и кој му помогна на Груевски да избега од Македонија

Редакција

Се што треба да знаете за корона вирусот и зошто нема потреба од паника

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница