еМагазин
Image default
Балкан

Грција меѓу првите земји што го воведе европскиот дигитален ковид сертификат

Преку законски акт потпишан од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и објавен во Службен весник, Грција е меѓу првите земји што официјално и во пракса го воведува европскиот дигитален ковид сертификат, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретниот законски акт ги предвидува начинот на издавање и содржината на сертификатот, а генералниот секретар за координација на Владата, Танасис Кондогеоргис, за грчката телевизија ЕРТ утрово објасни дека: „Грција заедно со првите неколку земји ќе почне од утре да го спроведува“.

Согласно објавениот акт, дигиталниот ковид сертификат содржи информации за состојбата на физичкото лице, односно за оној кој го поседува, во случај на вакцинација, резултат од последен брз молекуларен тест (рапид) или ПЦР тест или прележан Ковид-19.

За сите три опции вклучени се основните лични податоци како што се име и презиме и датум на раѓање.

Во случај на вакцинација, неопходни податоци се вид на вакцина, производител, број и датум на примените дози.

За втората опција, односно негативен резултат од направен тест, сертификатот содржи податоци за видот на тестот, производител на тестот, датум на спроведување и установа во кој бил направен, како и резултатот.

Доколку лицето кое го поседува сертификатот, прележало Ковид-19, тогаш потребен е податок за датумот на позитивен резултат.

Европскиот дигитален ковид сертификат официјално беше презентиран во петокот во Атина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Актуелните правила и протоколи за влез во Грција продолжени до 7 јуни

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Масовни протести во Атина, Солун и Патра за убиството на 15-годишното момче од полицаец во 2008 година

Редакција

(Фото) Македонските „Анонимуси“ топ-тема на Балканот поради хакирањето на страниците на Дуа Липа и Рита Ора

Редакција

Курти: Нема да дозволам ситуацијата во Косово да се дестабилизира

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница