еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција од денеска се подготвува за ново невреме кое ќе трае до среда

Новото невреме што го доби името „Илиас“ се очекува од денеска до среда да ја зафати Грција, ообено централниот дел на земјата погоден од претходното невреме “Даниел“, од кое сè уште не се целосно санирани штетите, јави дописничката на МИА од Атина.

Од бројот 112 за итни случаи, вчера беше испратена предупредувачка порака за опасни временски појави до жителите во поширокиот регион на областите Тесалија, Фтиотида, северниот дел на Евија и Спорадските острови и беше побарано во следните два дена да ги ограничат нивните движења и да ги следат упатствата од властите.

Министерот за климатска криза и цивилна заштита Василис Кикиљас вчера беше во Лариса каде што одржа состанок во пресрет на новото невреме и беше одлучено во областа Тесалија, што беше погодена од претходното невреме, од денеска до среда да бидат затворени јавните служби и училиштата.

Паралелно, како што соопштија од надлежното Министерство, државниот механизам е во зголемена готовност.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ГАЛЕРИЈА) Протест за ослободување на осудените за „27 април“, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дадоа поддршка

Редакција

Обвинителство бара притвор за Груби и Бајрами, Кривичен суд дополнително ќе одлучува

Редакција

Во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања тоа е опасен преседан, вели Заев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница