еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Грција од понеделник го укинува задолжителниот ковид-тест за влез во земјата

Од понеделник Грција ја укинува мерката воведена на 19 декември 2021 година за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот за здравство Танос Плеврис претпладнево рече дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција.

-Од понеделник, 7 февруари, влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест, изјави Плеврис.

Како што е пракса во Грција и како што редовно информира МИА, сите правила за патување во земјата детално ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник.

Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во шест часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или рапид тест за сите патници без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се вакцинирани или не.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избран нов шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар и на пет основни јавни обвинителства

Редакција

Обвинителството ги офрли кривичните против поранешниот директор на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Редакција

Промотивно во НЛБ Банка, НЛБ Супер депозити со атрактивни каматни стапки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница