еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција планира да прима странски туристи од 1.јули

За месец и половина, односно на 1 јули, според изјавите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и државниот министер Јоргос Герапетритис, Грција ќе биде подготвена да прими странски туристи, секако доколку сѐ оди според планот, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис беше почесен гостин и централен говорник на глобалниот состанок на меѓународната компанија за консалтинг „Boston Consulting Group“, а во обраќањето преку видеоконференција се задржа и на туризмот и претстојната сезона.

– Ако работите одат според нашиот план, ќе бидеме отворени од 1 јули, со протокол што ќе биде логичен, не само за луѓето кои сакаат да патуваат, туку и за нашата туристичка индустрија. Сакаме голем дел од пазарот од една помала пита. Европската туристичка пита ќе биде многу помала, но ова лето сакаме еден поголем дел – рече Мицотакис.

Државниот министер на Грција, Јоргос Герапетритис во интервју за грчката телевизија „ЕРТ“ рече дека сѐ уште се во фаза на подготвување на планот за туризмот

– Нашата проценка е дека од 1 јули навистина ќе бидеме во позиција да примиме странски посетители, под услови што ќе го гарантираат јавното здравје, рече Герапетритис.

Тој додаде дека за туристите ќе постојат неопходните протоколи, кои ќе бидат балансирана мешавина од заштита на јавното здравје, без при тоа да се поставуваат пречки за туризмот.

Герапетритис коментираше дека ако земјата од која потекнува туристот, побара по враќањето да биде во карантин или да направи нов тест, се создаваат сериозни пречки и тоа е дестимулирачки за туризмот.

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, говорејќи за телевиијата Мега рече дека „билатералните договори оваа година ќе бидат дел од решението за туризмот“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40 лица на 1.000 метри квадратни: Грција ги отвара плажите, летувањето ќе биде уживанција

(ВИДЕО) Плажите во Грција преполни со луѓе

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР за твитот на Украинската амбасада: Учеството во која било странска војска е кривично дело

Редакција

Нова IQOS зона во Bliss Mall Битола

Редакција

Бугарското МНР бара ефикасна истрага и спроведување на правдата за случајот со повредениот навивач на Левски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница