еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Грин Mашинс“ се покажаа одлично пред словенечките комунални служби – реализирана практична презентација во Ново место

Петнаесетина претставници на комунални претпријатија од словенечки општини деновиве присуствуваа на практична презентација на можностите на две машини од палетата на „Грин Машинс“, која се одржа во рамките на „Отворените денови на Грин Машинс“, кои се организираа во Ново Место, во близина на Љубљана., информираат од компанијата.

„Впечатокот на присутните по презентацијата, беше дека токму со ваков тип на возила, дополнително ќе се подигне нивото на хигиена во словенечките општини, а Словенија ќе продолжи да важи за една од најеколошките и најчистите земји во Европа и во светот.

Практичната презентација на можностите е вистинскиот начин да ги доближиме машините до заинтересираните клиенти. Техничките перформанси на двете возила се одлични, капацитетот на собирање на отпад е соодветен и дефинитивно овие возила одговараат на тенденцијата за подигнување на продуктивноста при отстранувањето на отпадот во урбаните средини.

Сметаме дека присутните претставници од комуналните словенечки претпријатија имаа одлична можност да се уверат што сè можат да направат возилата на „Грин Машинс“  и дека се задоволни од тоа што го видоа“, велат претставниците на „Грин Машинс“ кои ја извршија презентацијата.

Во оваа прилика беа презентирани моделите GM500ze и GM414RS. GM500ze е еден од најпродаваните производи од линијата „Грин Машинс кое што еднократно може да собере до 1 метар кубен отпад. GM 414 RS e рачно управувана метларка, со можност за инсталација на седиште, а со едно поминување покрива површина во ширина од 1,2 метри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакции продадени акции од Комерцијална банка за 675.000 евра

Редакција

(Видео) Министерката Петровска во Киев: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност

Редакција

Стадо диви свињи предизвикале сообраќајка: Македонска државјанка повредена близу Кукуш

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница