еМагазин
Image default
Локално

Невреме во струмичко: Гром удри во викендичка на браната Водоча кај Струмица

Гром удри во викендичка на браната „Водоча“, но нема жртви и повредени, откако околу 17 часот силно невреме го зафати струмичкиот регион, информираат од Територијалната против пожарна единица на Струмица.

-Добивме повик за запалена викендичка на браната Водоча, но во меѓувреме граѓаните кои таму престојуваат го изгаснале пожарот. Според нашите сознанија се запалил кревет, а жртви и повредени нема, рече Вернер Стоилов, заменик командир на ТППЕ Струмица.

Од силниот дожд поплавени се неколку улици во пониските делови од градот и дворови.

Вода навлезе и во подземната гаража под плоштадот во Струмица од каде се извлекува со пумпи, а од постари куќи разлетани се керамиди од силниот ветар.

Досега само еден граѓанин пријавил дека има потреба од интервенција на пожарникарите заради извлекување на вода од куќата.

Екипи на ЈПКД „Комуналец“ се излезени на терен и работат на остранување на последиците од невремето.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пет повредени лица во сообраќајка на три возила на автопатот Тетово-Гостивар

Редакција

Само 4 улици во Скопје, 2 плоштада и еден мост се именувани според жени

Редакција

Нивото на Охридското Езеро два сантиметри под дозволениот минимум, на Преспанското за 46 сантиметри

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница