еМагазин
Image default
Македонија

Груби и работата на министрите на ДУИ денеска на дневен ред на седница на Централно претседателство на партијата

Демократската унија за интеграција денеска во партиското седиште во Мала Речица ќе го одржи продолжението на конститутивната седница на новиот состав на партиското Централно претседателство (ЦП).

ДУИ на конституивната седница почната на 30 октомври, која траеше речиси 12 часа, беше посветена на оценување на работата на партиски членови кои се функционери во извршната власт.

– Конструктивна дебата, прва конститутивна седница, се исцрпија точките во кои се именуваа структурите на ЦП и се даде отчетот на Извршната власт после тоа следеше разгледување на извештајот посветувајќи се на потребите на луѓето на секој проект поединечно и како да се подобри ефикасноста во имплементација на тие проекти во функција на граѓаните, така што дебатата продолжува на 19 ноември со цел да се исцрпи целата расправа и понатаму продолжуваме, изјави по средбата партискиот портпарол Бујар Османи.

На состанокот на Централниот совет на ДУИ одржана во Тетово на 15 октомври, за потпретседатели на партијата беа избрани Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети е избран за организативен секретар, а Фатон Ахмети за генерален секретар и Саранда Имери, секретар за еднакви можности.

Додека, пак, за во Централниот совет беа избрани Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.

МИА/Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

211 од излекуваните биле хоспитализирани, 925 се лекувале дома

Редакција

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Редакција

Од 15 јуни МВР ќе издава регистарски таблици со NMK, намсто со МК

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница