еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груби не знаел за бизнисите на внукот на Ахмети

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, Артан Груби вели дека незнаел за бизнисите на внукот на лидерот на неговата партија, Али Ахмети, Дрин Ахмети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Дрин Ахмети, внукот на Ахмети кој ќе поседува 39% од „Соравиа„

Фирмата на внукот на Ахмети лани имала добивка од околу 60 илјади евра

Груби за телевизијата Сител изјави дека не е тој да гледа дали има нешто спорно во купувањето на ТЦ „Соравиа„, тоа требало да го сторат надлежните институции.

– Има Државна комисија за спречување на корупција, Јавно обвинителство, нека си постапат согласно нивните ингеренции и нека утврдат тоа што е вистинско, а не вака, да има медиумско препукување и употреба за дневна политичка агенда, рече тој.

Одговарајќи на прашањата за наводите кои што беа изнесени во јавноста во врска со бизнисите на Дрин Ахмети, тој одговори дека нема информација и повторно посочи на надлежните институции.

– Немам никаква информација во однос на бизнисите на Дрин, или на кој било друг, затоа што се тоа приватни бизниси, доколку има нешто незаконско, нека си постапат институциите, доколку е сѐ законски и е амбиција на млад амбициозен дечко, би очекувал сите да му се извинат на крај, рече вицепремиерот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе истражи ли семејниот пријател Абази како внукот на Ахмети стекна 39% од “Соравиа“ без пари

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со измени на Кривичниот законик ќе бидат опфатени и сексуалните работници, велат од Владата

Редакција

Мицкоски: Прв чекор за рушење на власта е интерпелација на Никола Димитров, па на Османи

Редакција

Предупредување на СЗО: Корона вирусот ги убива и младите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница