еМагазин
Image default
Македонија

Груевски и Јанкулоска на суд: Нови рочишта за „Насилство во Центар“ и раздвоената постапка за „Тенк“

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите  „Насилство во општина Центар“ и раздвоената постапка за „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

На претходните рочишта на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на СЈО, беа изнесувани материјални докази и сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

Во предметот „Насилство во Центар“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште осум други лица.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

МИА/Фото: Кривичен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

4 медицински сестри од Штип во самоизолација, имале контакт со пациентка со коронавирусот

Редакција

Уставните измени се внатрешно парашање на Македонија, одговори МНР на барањата на Милков

Редакција

Детален преглед на хоспитализирани пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница