еМагазин
Image default
Македонија

Груевски се уште не се пријавил во затворот „Скопје“, Судот прави обид за достава

Поранешниот премиер Никола Груевски се уште се нема пријавено во затворот „Скопје“ во Шутка на издржување на двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“, потврди за МИА директорот на затворот, Ѓоко Котевски.

Тој посочува дека од затворот утрово го известиле Кривичниот суд дека Груевски не се појавил доброволно во законски предвидениот рок.

Од Кривичниот суд, пак, велат дека денеска се прави нов обид да му се достави решението на  Груевски и оти останува на судијата за извршување санкции да одлучи за натамошните чекори.

Откако Груевски ќе ја добие одлуката, би требало веднаш да се јави во затворот за издржување на казната за блиндираниот мерцедес.

Доколку Судот утврди дека Груевски избегнува да го прими решението ќе се пристапи или кон негово спроведување или кон распишување потерница.

Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 ги одби во петокот жалбите на Груевски и неговите адвокати и го потврди решението на судијата за извршување санкции со кое поранешниот премиер треба да се јави во затворот за издржување двегодишна казна за предметот „Тенк“.

Собранието на Република Македонија во петокот не му го одзеде пратеничкиот мандат на Груевски зашто немаше двотретинско мнозинство.

МИА/Фото: Фејсбук/Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што го чека Груевски во затвор: Туширање еднаш неделно, наутро треба да си го мести креветот, да прави генералка на собата во сабота…

Груевски и во затвор ќе зема пратеничка плата и ќе му тече работниот стаж

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисменот Митровски на судењето за „Рекет“: Се плашев да пријавам знаејќи ја тогашната моќ на СЈО

Редакција

Осомничениот му го попречил патот и му нанел длабока расекотина кај вратот: Детали од Обвинителство за нападот на началникот од Струга

Редакција

Обвинителката Русковска: Собранието нека му ја мисли ако избегаат Вељаноски и Димовски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница