еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Груевски за излегувањето на Камчев од затвор: Секој што ќе ме наклевети, ослободете го

На Фејсбук со реакција за излегување од затвор на бизнисменот Орце Камчев, се јави поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Доколку евентуално дојде до промена на уставот во скоро време, предлагам уште еден амадман кој би бил во правец да секој кој ќе ме нападне или обвини, кој ќе измисли некаква афера или ќе ми стави нешто на товар, ќе ме наклевети, ќе се согласи лажно да сведочи во поткрепа на политичките обвиненија, или стане активен и корисен соработник на правосудните органи против мене, независно во која фаза на процесот, независно што зборувал и изјавувал претходно и независно од кои мотиви го прави тоа, да биде целосно ослободен од било какво гонење.

Да не се мачат политичарите, обвинителите, судиите, лицата под политички прогон, затворските институции, контролираните медиуми, а и оној дел од јавноста која се уште не ги разбира работите во смисла што всушност се случува, да биде на чисто, пишува Груевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев на слобода, доби четири месеци помалку затвор откако ги спои казните за „Империја“ и “Плацови на Водно“

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

34 нови вработувања во Централен регистар, плата до 53.101 денари

Редакција

(Вознемирувачко видео) Новинар во Газа ги изгуби жената и две деца при нападите на Израел

Редакција

Почина Бојо Андрески, основачот на Европскиот Универзитет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница