еМагазин
Локално

Групна тепачка меѓу жени во Шуто Оризари

На 24.08.2018 година во 23,55 часот во Полициска станица Чаир, Б.С.(46) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 19,30 часот додека била во нејзиниот дом во населба Шуто Оризари заедно со нејзината сестра А.А., нејзината тетка Б.Д. и другарка М.А., во еден момент нејзината сестра добила телефонски повик од нејзината ќерка А.Б. со која се договориле да излезе надвор со цел да расчистат некои работи, информира МВР.

Половина час подоцна Б.С. и М.А. излегле надвор и ги виделе А.Б. која била заедно со уште неколку лица и истите физички ја нападнале пријавителката.

Откако лицата го напуштиле местото на настанот пријавителката забележала дека златниот ланец кој го носела на вратот и го нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Во Битола вандалски уништен симболот на градот

Редакција

Еден починат, тројца тешко повредени во сообраќајка кај селата Долни Балван и Крупиште

Редакција

Во ново пукање во Арачиново убиен 50-годишен маж

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница