еМагазин
Image default
Локално

Групна тепачка за време на полициски час на улица „Христо Татарчев“ во Скопје

На 24.05.2020 год во 21.45 часот женско лице пријавило дека на ул. „,Христо Татарчев“ во Скопје имало нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица, соопшти МВР.

„Имено, околу 21.30 часот лицето А.Б. (26) од Скопје со живеалиште на наведената адреса физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред негова.та куќа кршеле стаклени шишиња.

Во обид да ги спречи во нарушувањето на јавниот ред и мир А.Б. најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му П.Б., по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б. (49) и неговата сопруга В.Б. (26) Скопје кои сакајќи да им помогнат исто така физички биле нападнати од лицата. Се работи на целосно расчистување на случајот“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Млад велешанец пронајден мртов во Охрид

Редакција

29-годишно момче од Прилеп починало во болница: Детали од МВР

Редакција

Странски турист се удави попладнево во Охридско Езеро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница