еМагазин
Image default
Забава

Хајнекен промовира пиво од марихуана: „Две во едно“ за сладокусците

Лагунитас е брендот на Хајнекен под кој е пуштено во продажба првото пиво направено од марихуана наместо алкохол.

Таканаречениот „Хај фај Хопс“ во моментов е достапен во делови на Калифорнија, каде канабисот е легален, а е дел од растечкиот тренд со кој етаблирани фирми влегуваат во индустријата со марихуана, објави Бизнис инсајдер.

Лаганитас го опишува новиот пијалак како „ароматична пенлива вода“. Тоа е затоа што лименките не содржат ни малку алкохол, туку се направени со ТХЦ, главната психоактивна состојка во марихуаната.

Освен со ТХЦ, од кој во секоја има околу 10 мг, во понудата се и „пива“ со ЦБД, непсихоактивна компонента на канабисот, на кој се припишуваат многу терапевтски ефекти.

Пијалакот, за кој се направени посебни лименки, лансиран е на 30 јули, а една чини осум долари.

Корисниците му наоѓаат само една маана во однос на регуларните пива – не може да се пие во барови.

Фото: Bussines insider

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Како гласаше македонското жири на Евровизија

Редакција

Српската премиерка со девојката чекаат бебе

Редакција

(ВИДЕО) Мартинијан Кириловски победник на „Макфест 2019“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница