еМагазин
БЕНЧМАРК

Хан: Квалитет пред брзина во спроведување на реформите, 2025 година е реалистичен датум за влез на земји од Балканот во ЕУ

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, во интервју за „Ди Велт“, вели дека 2025 година е реалистичен датум за прием на нови членки од Балканот, но само доколку се исполнат критериумите, пренесува meta.mk.

– Датумот 2025 е индикативен, но ако се интензивира имплементацијата на реформите тој е доста реалистичен. Но, сите критериуми за членство мора да бидат исполнети претходно, нема скратен пат. Мотото е „квалитет пред брзина“ – вели Хан.

Тој во интервјуто уште еднаш го поздрави гласањето за уставните измени во македонското Собрание.

– Благодарен сум им на сите пратеници кои си ја исполнија одговорноста и ги ставија интересите на државата пред оние на партијата. Ова посебно важи за пратениците од опозицијата кои гласаа спротивно од партиската линија и ги сносеа последиците од тоа, односно исклучувањето од партијата – изјави Хан.

Тој е уверен дека Преспанскиот договор ќе биде изгласан во Грција и вели дека овој договор ќе испрати важен сигнал на помирување за целиот регион.

– Би можел да има динамичен ефект врз решавањето на спорот помеѓу Србија и Косово и да доведе до пробив во пристапниот процес на Западниот Балкан. За земјите членки на ЕУ пристапот во ЕУ има смисла само ако сите шест земји можат да се приклучат и решението во ПЈРМ го прави ова сценарио многу поверојатно – изјави Хан, додавајќи дека со напредокот на Македонија се создава атмосфера на „позитивен натпревар“.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Една година од кризата во Украина, нема суштински поместувања во делот на проширување, ниту јасна визија на ЕУ за процесот

Редакција

Германскиот министер за Европа, Рот: Во Македонија се заканува враќање на национализмот и појавување на старите рани и етнички конфликти

Редакција

Португалската амбасадорка во Македонија ги демантира бугарските медиуми за македонскиот јазик

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница