еМагазин
Image default
Локално

Хаос на семејна веселба: Го нападнале домаќинот и со пушка пукале кон гостите

На 19.04.2020 година околу 01,00 часот во с.Долно Соње, скопско, во куќа на ул.12. сопственост на П.К. (56) од Скопје, каде што претходно имало семејна веселба, дошле лицата М.М. (27) и С. Т (24), кои од страна на сопственикот биле поканети и по кусо време заминале, информира МВР.

„Но набргу пак се вратиле при што С.Т. со себе носел ловечка пушка, а пак М.М. носел боксирач. Влегле во дворот на куќата при што М.М. го нападнал Б.К. (27) инаку син на сопственикот на куќата, а пак С.Т. испукал еден проектил во правец на неколку лица.

Во тој момент лицето Н.К. ја фатил пушката што била во рацете на С.Т. по што вториот проектил бил испукан во воздух. По ова М.М. и С.Т. го напуштиле местото на настанот.

Веднаш по известувањето на полицијата на местото на настанот се упатиле припадници на ЕБР и полициски службеници од полициската станица Кисела Вода, а лицата М.М. и С.Т. се пронајдени и приведени во станица за понатамошна постапка .Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 25-годишно момче од Крива Паланка, откако паднал од оџак

Редакција

Извештајот за мостот „Беласица“ покажува дека оштетувањата се мали, но ќе треба санација

Редакција

(Фото) Разбиена нарко група во Прилеп: Одземени луксузни возила и пари од дилерите, вмешани и полицајци

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница