По повод видео-материјалот објавен на неколку портали и на социјалните мрежи, каде што е прикажан вработен во ЈП „Комунална хигиена“- Скопје како собраниот отпад го исфрла во реката Вардар, раководството информира дека биле преземени сите мерки за расчистување на овој случај.
И Северна ни е многу! 🤦♂️ pic.twitter.com/WD2l8f1WkO
— ɴᴀᴍᴇ ᴄᴀɴɴᴏᴛ ʙᴇ ʙʟᴀɴᴋ (@rmfcmk) June 10, 2019
„Станува збор за работник ангажиран во Одделението за одржување на јавната чистота, којшто сторил тежок дисциплински прекршок, притоа сериозно нарушувајќи го угледот на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје.
Од овие причини беше донесена одлука денеска ова лице да биде отстрането од работното место“, соопштуваат од претпријатиетo.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ