еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Хорор во Прилеп: Тренер по џудо обвинет за обљуба на малолетнички

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице на возраст од 46 години, за кој постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

„Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп.

Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена“, соопшти обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот тренер за обљуба на малолетнички не е наш член: Џудо федерација згрозена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Јосифов“ го доби тендерот на Апелацискиот суд Битола за набавка на автомобил вреден 32.500 евра

Редакција

За кои пратеници до сега се бараше одземање на пратеничкиот имунитет

Редакција

Приведено уште едно лице од протестот против „францускиот предлог“ пред Собрание

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница