еМагазин
Image default
Свет

Хорор во САД: Убиени шест лица, од кои пет деца

Шест лица, од кои пет деца, се убиени денеска во американската сојузна држава Оклахома, соопшти полицијата.

Според полицијата, по трагедијата е приведено едно вооружено лице.

Пукањето било пријавено во полиција околу 1,30 часот по локално време во градот Маскоги, на околу 72 километри од Тулса, пренесе телевизијата Еј-Би-Си Њуз.

На местото на настанот, полицијата пронашла едно лице со пиштол, како и тела на маж и четири деца.

Петто дете починало подоцна во болница во Тулса. Жена со повреди опасни по животот, исто така, е пренесена во болницата, додаде полицијата.

Надлежните служби се уште не го откриваат идентитетот на уапсеното лице и не објавуваат детали за убиените.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ужасот на војната во Мариупол снимен со дрон

Редакција

Трамп се враќа, најави кандидатура за претседател на САД во 2024 година

Редакција

Македонија од четврток на зелената листа на Кипар: Граѓаните ќе може да патуваат без тест или карантин

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница