еМагазин
Image default
Македонија

Хронично болните и лицата кои користат продолжено породилно, од среда се враќаат на работа

Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести, од среда, 23 септември 2020 година, треба да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи, одлучи Владата на денешната седница.

Како што соопшти владината прес-служба, исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на влошување и оние со малигна болест за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист. Врз основа на таквата потврда овие лица ќе користат боледување, согласно соодветниот правилник од Фондот за здравствено осигурување.

Од среда, 23 септември, на работа треба да се вратат и лицата кои користеле продолжено породилно отсуство. Можноста за користење на оваа мерка за продолжено породилно отсуство престанува да важи.

-Останатите вработени лица кои во моментот се оправдано отсутни од работа поради користење редовно породилно отсуство, да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи веднаш по истекот на породилното отсуство, гласи одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се пролонгира рокот за добивање потврда од специјалист за хронично болните лица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ако продолжи собраниската блокада за изборот на амбасадори, ќе бараме алтернативни решенија, најави Османи

Редакција

Зошто и како почина најмладиот пациент од коронавирусот во Македонија, кој имаше 31 година

Редакција

Еден починат од Ковид-19, вкупната бројка до сега е 5.487

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница