еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватската амбасадорка во Бугарија повикана на разговор во бугарското МНР поради изјавата на Милановиќ за Македонија

По наредба на министерот за надворешни работи на Бугарија, Светлан Стоев, денеска е повикана на разговор амбасадорката на Република Хрватска во Софија, Јасна Огњановац.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, таа била примена од генералниот директор за европски прашања, Румен Александров.

Причината за разговорот е изјавата на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по Самитот на Словенија и Хрватска со земјите од Западен Балкан, одржан на 17 мај 2021 година во Бардо кај Крањ, во кој тој остро ја нападна политиката на Бугарија кон евроинтеграција на Република Северна Македонија.

Пред амбасадорката Огњановац, генералниот директор ја опиша изјавата на претседателот Милановиќ како неприфатлива и неоправдана, што е разочарувачко со оглед на не само одличниот билатерален дијалог меѓу Софија и Загреб и едногласноста на низа теми од европската и регионалната агенда, но и фактот дека соседите на регионот, Бугарија и Хрватска се природно поврзани со заедничкиот интерес за реформа, стабилизирање и наскоро интегрирање во ЕУ земјите од Западен Балкан.

Како одговор на барањето за појаснување на причината за изјавата на претседателот Милановиќ, амбасадорката Огњановац се обврза да му го пренесе на Загреб ставот изразен од Бугарија, истакнувајќи ја потребата од соработка меѓу Бугарија и Хрватска со цел да се обезбеди стабилност на регионот на Западен Балкан и нејзината европска перспектива.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватскиот претседател Милановиќ: Тоа што го бара Бугарија од Македонија е влегување во интимен простор и тоа не се прави

МИА/Фото: Фејсбук/Бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски ја оцени како историска одлуката на Хашкиот суд за апсење на Путин

Редакција

(Фото) Осомничен криминалец му испрати новогодишна честитка на јавен обвинител

Редакција

За надоместоци на членовите на Одборот на директори на ЗК Пелагонија лани исплатени 3,2 милиони денари

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница