еМагазин
Image default
Балкан

Хрватски лекари заразени од коронавирусот криеле дека биле на скијање во Австрија

Шефот на Клиничкиот болничкиот центар Ребро во Загреб, Анте Ќорушиќ изјави дека дел од лекарите кои се заразија со новиот коронавирус биле на скијање во Австрија, а по враќањето тоа го сокриле.

„Ќе бидат санкционирани. Досега тројца се заразени, уште една личност ги чека резултатите од тестот.  Три проценти од вработените во Ребро сега се во изолација, тоа се 140 лица. Тоа се случи поради неодговорност“, рече Ќорушиќ за Н1 Телевизија.

Тој додаде дека сите би биле во изолација доколку се знаело дека биле на скијање во Австрија.

„Епидемиолошкиот мониторинг на клиниката е завршен, знаеме дека вирусот е увезен од надвор поради заминување на викенд во Австрија што не било навремено соопштено на управата и од каде дел од колегите се вратиле, продолжиле со работа и сокриле дека биле во Австрија.

Апелираме на одговорност на граѓаните, на самоконтрола во однесување, а тоа посебно важи за лекарите“, изјави директорот на КБЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 31: Пет нови случаи заболени со корона вирусот, помеѓу нив и медицинскиот персонал од Дебар

Директорката на Клиниката за кожни болести која предизвика криза во државата со корона вирусот, ќе биде сменета уште денеска

Четврти случај на коронавирус: Заболена директорката на Клиниката за кожни болести

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција: Над 1.000 случаи на заболени со коронавирусот, 32 починати

Редакција

Aтлантик Група во првите девет месеци: Значителен раст на приходите со високи инфлациски притисоци

Редакција

Минималната плата во Грција се зголеми од од 586 на 650 евра: Прва владина седница по ратификација на Договорот од Преспа

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница