еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватскиот министер кој уби 40-годишен маж во сообраќајка не се сеќава на ништо

Здравствената состојба на сега веќе поранешниот министер за одбрана на Хрватска, Марио Баножиќ е стабилна, но тој не се сеќава на ништо од сообраќајката која ја предизвика, и во која загина 40-годишен маж, татко на две деца, пренесуваат хрватските медиуми.

Тој се здоби со повреди на главата и мозокот, а како што изјавија од болницата во Осиек, тој и понатаму не е целосно свесен, односно со него може да се комуницира, но не е при целосна свест.

Се уште не е познато со која брзина се движело возилото на Баножиќ, а се чекаат и податоците за тоа дали во крвта или урината имало алкохол.

По сообраќајката тој беше разрешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватски министер предизвика сообраќајка во која загина 40-годишен маж, премиерот го разреши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктори од Ниш работеa 100 дена и 12 викенди без надомест за да нема листа на чекање

Редакција

Со кого ќе се сретне Урсула Фон дер Лајен утре во Скопје

Редакција

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница