еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хуманитарен концерт на популарните 2Бона и Мили за Јана Арсовска

Утре во A1 арената (СЦ Борис Трајковски) ќе се одржи концерт на македонските мегаѕвезди 2Бона и популарниот Мили од соседна Србија, кој ќе има и хуманитарен карактер – односно, организаторите од К1 продукција заедно со 2Бона и Мили одлучија дел од собраните средства на концертот да се донираат на сметката за помагање на лекувањето на Јана Арсовска од Охрид.

Јана боледува од премногу редок тип на канцер и по двете трансплатации на коскена срцевина и беше предложено итно лекување со имунотерапија. Ова барање беше одбиено од Фондот за здравство, а пресудата од Управниот суд ФЗО повторно да го разгледа случајот беше обжалена од фондот со што на Јана и се одмога, наместо да и се помогне од институциите.

Со месеци се чека одлуката од вишиот управен суд на Република Македонија, а Јана во меѓувреме е во клиника во Солун, бидеќи после 10 месеци без никаков третман и терапија мораше да започне со големата битка за консолидирање на нејзината здравствена состојба.

После неколку месеци од почетокот на акцијата беа собрани околу половина од средствата, поради што ги замолуваме сите хумани луѓе истата да продолжи и да и овозможиме на Јана се што е можно и најдобрата можна опција во битката против опасната по живот премногу ретка болест.

Таа е многу храбра и одлучна да продолжи да живее, но имајќи предвид дека институциите потфрлија, повеќе од потребна и е помошта и дадената надеж од сите хумани луѓе.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Да му овозможиме нормален вид на Дејвид, потребни се 3.500 евра

Редакција

Да помогнеме: Деветгодишниот Алексеј треба да се оперира од вродена сколиоза, потребни се 56.000 евра

Редакција

Медицинска сестра на хирургија која помогнала на многумина, сега бара помош: „Потребни сте ми, за да се спасам на лекување во Турција“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница