еМагазин
Image default
Да помогнеме

Хуманитарна акција на Рамсторе и Меѓународниот Балкански Униврезитет

Рамсторе во соработка со Меѓународниот Балкански Универзитет организира хуманитарна акција за помош на граѓаните погодени од силниот земјотрес кој ја зафати Р.Туркије со епицентар во Кахраманмараш, со поставување на кутии за донација во повеќе локации: Рамсторе маркетот во Рамстор Мол, Рамстор Капитол Мол, Рамстор Сити Мол, Рамсторе Чаир, Рамсторе Водно, Рамстор Тетово Палма Мол, Рамсторе Карпош и Рамстор Гостивар, информираат од таму.

Сите заинтересирани граѓани можат да ги достават своите донации во обележаните кутии за донација во било која од горенаведените локации почнувајќи од денес па се до петок  до 22:00 часот.

Потребни и најнеопходни средства за донација се: ракавици, капи, монтки, јакни, чизми, хигиенски средства за чистење, хигиенски влошки, пелени, бебешка храна, влажни марамчиња, перници, јоргани, перници, ќебиња, конзервирана храна.

Донацијата ќе биде доставена до АФАД Туркије, Центар за управување со катастрофи и вонредни состојби при Министерството за внатрешни работи на Република Туркије.

-Тимот на Рамсторе е во постојана комуникација со надлежните служби и институции и како општествено одговорна компанија ќе продолжиме да придонесуваме се што е потребно за оние на кои што им е неопходна помош, велат од Рамсторе.

Рамсторе Македонија го изразува своето длабоко сочуство до семејствата кои ги загубија своите сакани за време на катастрофалниот земјотрес. Се надеваме дека сите оние кои беа повредени или затекнати во оваа катастрофа ќе имаат брзо заздравување, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прилепчанецот Антонио Пандовски со трчање и пешачење планира да стигне до Манастирот Острог за да им помогне на децата со рак

Редакција

На девојче (15) оперирано од тумор, откриен и е нов: Не се знае уште каква битка следува

Редакција

16-годишниот Мартин боледува од рак на лимфни жлезди, потребни се 40.000 евра за операција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница