еМагазин
Image default
Македонија

И Бугарите ќе гледаат македонски телевизии

Телевизијата Телма објави дека од март сателитскиот канал на Бугарската национална телевизија – БНТ 4, освен преку операторот А1, ќе се реемитува и на „Макс ТВ“ на Македонски телеком, а сателитскиот канал на МРТ ќе се реемитува на бугарските телевизиски оператори.

Според телевизијата се чека и завршување и на процедурата околу документацијата за три привати бугарски телевизии да можат да се реемитуваат во Македонија, а до крајов на февруари истото ќе се направи и со 3 – 4 приватни македонски телевизии за реемитување во Бугарија.

Дополнително според Телма месецов се очекува ректорот на Софискиот универзитет, придружуван од неколку декани, во Скопје да го посети најголемиот државен универзитет во земјава – Св. Кирил и Методиј, но и други универзитети, за да се договара размена на професори, но и на студенти уште од следната учебна година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипските советници од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги корегираат свечените изјави со уставното име на државата

Редакција

Богдановски од ДОМ поднесе оставка, СДСМ со пратеник плус во Собранието

Редакција

Руските „пранкери“ за „Политика“: Освен Заев, не успеавме да лажеме друг функционер цела година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница