еМагазин
Image default
ЖИВОТ

И денеска попладне со услови за локален пороен дожд и грмежи

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната од 21 до 28 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени Целзиусови.

Влијанието на циклонската активност од југозапад ќе услови времето и во следните денови да се задржи претпладне сончево, а попладне променливо облачно на места со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев апелира да нема собирања по домовите за време на претстојните слави: Да не си играме со здравјето и животот

Редакција

Доктор Пановски: „Кој ќе биде одговорен за присилување на вакцинација само за добивање на сертификат, изгледа како злосторство“

Редакција

Проф. Трајковски: Падот на новодијагностицирани со Ковид-19 виси на конец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница