еМагазин
Image default
Македонија

И кај жените во ВМРО-ДПМНЕ раздор: И пратеничката Лилјана Затуроска поднесе оставка од Унијата

Генералниот секретар на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка Лилјана Затуроска денеска поднесе оставка на оваа функција. Претпладнево оставка поднесе и претседателката на Унијата на жени и пратеничка Даниела Рангелова, која изрази несогласување со актуелното раководство на партијата.

– Како генерален секретар поставен од претседателката Рангелова сакам да изразам голема благодарност за довербата која ми ја даде во два наврати и правев се од себе за да ја извршувам функцијата најдостоинствено што можеше. Рангелова и тимот ја поставија Унијата на жени на високото скалило во партијата и така треба да продолжи. Функцијата генерален секретар на УЖ на најголемата и најмоќната партија беше задоволство и предизвик да се извршува. Давам оставка од оваа функција со искрени желби за уште посилни успеси на идниот тим кој ке ја предводи унијата. Стојам на располагање на мојата партија почитувајки ги и извршувајки ги одуките и активности кои ке ми бидат доверени во иднина – напиша Затуроска на Фејсбук.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рангелова си поднесе оставка од функцијата претседател на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недостасуваат половина попишувачи од македонската, турската и ромската заедница во Гостивар

Редакција

На Мијалков му застаре делото за „Титаник 2“, нема да му се суди за изборни нерегуларности

Редакција

Кој му даде поддршка на Мицкоски, а кој на Груевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница