еМагазин
Image default
Македонија

И Македонија забрани прелети на авиони од Белорусија

И Македонија се приклучи на одлуката на Европската Унија за забрана на прелети на авиони од Белорусија, по инцидентот со принудно слетување на авионот на компанијата „Рајанер“ во Минск на 23 мај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ во шок: Лукашенко присили авион на Рајанер да слета во Белорусија за да уапси опозициски новинар

Освен Mакедонија, кон оваа одлука се приклучија и Србија, Црна Гора, Албанија, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка.

Советот на Европа неодамна донесе одлука за воведување забрана за прелети на воздушниот простор на ЕУ и пристап до аеродромите на ЕУ од белоруски авиопревозници од сите видови.

На белоруските авиокомпании им е забрането да ги користат воздушниот простор и аеродромите на Европската Унија од 5 јуни. Официјалната одлука на Советот на Европската Унија прецизира дека забраната не важи за хуманитарни летови, како и за присилни слетувања и итни летови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Закани кон новинарката Мери Јордановска, ССНМ бара истрага

Редакција

Ковачевски: Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем

Редакција

Приведен 22-годишник кој повредил полицаец на вчерашниот протест, заработи кривична

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница