еМагазин
Македонија

И медицински техничар од Инфектината клиника во Скопје заразен со коронавирусот

Освен единаесетте медицински лица од болницата во Куманово, позитивен на коронавирусот е и медицински техничар од Инфектината клиника во Скопје, информираше на денешната прес конференција, министерот за здравство, Венко Филипче.

“Во кумановската болница имаме 11 потврдени позитивни на коронавирусот. Оваа бројка во овој момент ја компромитира работата на инфективното одделение затоа што и претходно имаше еден здравствен работник диојагностициран.

Поради тоа упатени се двајца доктори, еден од Скопје и еден од болницата во Штип, кои ќе ја организираат работата на ова исклучително важно одделение во овој момент“, рече Филипче.

Тој рече дека се уште траат епидемиолошките анкети заради тоа што, како што рече, има повеќе позитивни лица од уште две одделенија за рендген дијагностика и во делот на општите лекари кои ја покриваат дежурната служба.

“Врз основа на тие епидемиолошки анкети, а согласно тоа колку лица ќе бидат во самоизолација ќе се реорганизира и останатиот дел од болницата, односно другите одделенија“, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

10 заболени со коронавирусот се со тешка клиничка слика

Вкупно 12 починати од корона вирусот во Македонија

Вкупната бројка на заразени од корона вирусот е 430 лица: Потврдени нови 46, половина од нив во Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.816 лица до 19 години во Македонија се заразиле со Ковид-19

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Роднини на настраданите во несреќата кај Ласкарци се сомневаат дека судењето се одолговлекува

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница