еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

И на Бадник нема прекин на борбите во Украина

И покрај привременото примирје во повеќе украински градови, вклучително и Киев се огласија сирените за воздушен напад.

Украинците на социјалните мрежи објавија дека се слушаат сирените предупредувачи на воздушен напад, само неколку часа откако Русија повика на 36-часовен прекин на огнот.

Странските медиуми јавија и дека се слуша артилериски оган и на украинската и на руската страна на фронтот во Бахмут, источна Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера нареди 36-часовен прекин на огнот поради Бадник и Божик, што почна денеска на пладне и ќе трае до утре на полноќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин нареди прекин на огнот во Украина за Бадник и Божик

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Купената облека и обувките наместо во бутик ќе ги пробуваме дома

Редакција

Европа ќе бара од САД да се снабдува со течен гас, за да се намали увозот од Русија

Редакција

Псевдонаучни се препораките на Историската комисија, се вели во заедничката изјава на македонските научници и истражувачи

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница