еМагазин
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

И нови избори дојдоа, ама бројчаникот за „украдените“ пари не преработи

И по речиси една година откако е поставен на Порта Македонија во Скопје, која актуелната власт ја прогласи за дивоградба, бројчаникот за „украдените“ пари од претходната владејачка гарнитура кои требаше да се вратат во Буџетот, не почна да врти.

Бројчаникот за кој 7.000 евра даде лично премиерот Зоран Заев, беше предизборен адут на сега владејачката СДСМ. Дали истиот повторно ќе биде дел од изборната кампања на партијата за предвремените парламентарни избори во април останува да видиме.

Никој нема дилема дека изминативе децении од земјава беа изнесени милиони и милиони евра, па доколку тие пари беа вратени во Буџетот на сиромашната Македонија ќе завршеа многу корисни работи за граѓаните, нормално ако пак не беа „украдени“.

Ама, за жал, се остана само уште едно празно изборно ветување. А и реално не дека некој навистина веруваше дека тоа ќе се случи, што е поразително.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Царинската управа склучи договор со “Бато енд дивајн графикс центар“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

За поранешниот генерален секретар на СДСМ, Минчев, „францускиот предлог“ е крајно понижувачки и неприфатлив

Редакција

(Галерија) „Фрајле“ на хуманитарен настан на брендот „Ребека“ за жените заболени од рак на дојка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница