еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И по речиси две недели, веб-страницата на МОН сè уште недостапна

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) сѐ уште не е во функција откако на 9 септември беше хакирана. Во изминатите 12 дена таа е целосно исклучена и до неа нема пристап.

Од МОН велат дека се работи на нејзиното повторно активирање, но не прецизираат кога се очекува.

Беше соопштено дека страницата (www.mon.gov.mk) била нападната од грчки хакерски тим „Netwatchers“. МОН тогаш соопшти дека е во комуникација со Националниот ЦИРТ-центар за компјутерски инциденти при Агенцијата за електронски комуникации, каде што е пријавен случајот и од каде очекуваат, со поддршка на МВР, да се преземат конкретни активности за пронаоѓање на локацијата и изворот на нападите.

-Во меѓувреме, ИТ-службата на МОН со поддршка од надворешни соработници презема дејствија за зајакнување на безбедноста на веб-страницата, по што повторно ќе биде активирана, соопшти МОН на 10 септември.

Министерството тогаш укажа и дека нема потреба од грижи за наводно преземање бази на податоци на граѓаните, затоа што на веб-èстраницата, како што беше соопштено – „не постојат такви позадински бази и таа има информативен карактер“

Во меѓувреме, информации за активности на Министерството може да се следат на неговата Фејсбук-страницата.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во кој сектор е највисоката просечна бруто-плата во ноември лани

Редакција

Путин најави дека „непријателските земји“, меѓу кои е и Македонија, ќе плаќаат во рубљи за рускиот гас

Редакција

(Фото) Министерот Венко Филипче се „врати“ во сала: Успешно оперирана 29-годишна пациентка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница