еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

И покрај олеснувањата на мерките од ЕУ, патниците кои летаат кон и од Германија, ќе мора да носат маски за време на летот

Патниците кои летаат кон и од Германија сепак ќе мора да носат маски за време на летот и покрај олеснувањето на мерките за епидемијата во Европската унија, соопшти денеска германското Министерство за внатрешни работи.

Според протоколите, „FFP2“ или медицинските маски мора да се носи за време на целиот лет. Маските може да се симнат само додека патниците јадат или пијат за време на летот.

Министерството објасни дека правилото за носење маски е во согласност со новите препораки на ЕУ.

Инаку, од денеска EASA и Европскиот центар за превенција и контрола на болести повеќе не предлагаат носење маски на аеродромите и воопшто во авионите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Политички мотивирано“: Русија со реакција за исфрлувањето од Советот за човекови прва на ОН

Редакција

Се уште нема победник од претседателските избори во САД: Судот нареди одвојување на задоцнетите гласови во Пенсилванија

Редакција

Австрија: „Падна“ владата на Курц

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница