еМагазин
Image default
Бизнис

И покрај убавото време, Охрид се празни

Одложувањето на почетокот на училишната година и убавото време ја продолжија сезоната на охридското крајбрежје, но посетеноста на градот и околните места забележително опаѓа.

Изминатиот викенд во градот имаше солидна посетеност, оние што можеа го споија викендот со неработниот ден по повод националниот празник, но веќе сега градот ја добива онаа своја слика, карактеристична за деновите надвор од главната летна туристичка сезона.

Раздвиженоста е значително помала, посетеноста на угостителските објекти исто така намалена, а се помалку луѓе има и по плажите, иако временските услови се мошне поволни за овој период од годината.

Температурата на воздухот изнесува до 30 степени што е идеално и карактеристично за Охрид како град на голема надморска височина, а температурата на водата во езерото е некаде 22 степени Целзиусови, освежувачка и пријатна за капење и рекреација.

Иако ова лето речиси и немаше странски гости сепак посетеноста на Охрид и туристичките населби на крајбрежјето, особено за викендите, беше задоволувачка, во одредени денови и поголема од капацитетите за сместување.

Новата реалност наметната со епидемијата на коронавирусот значеше промена во профилот гости во Охрид, туристи со поинакви навики, очекувања, можности. Тоа се почувствува кај стопанствениците, особено оние од угостителскиот сектор, но таква е реалноста на која туристичките субјекти и угостителските стопанственици ќе мора да се прилагодат, барем до отворањето на границите и повторното враќање на странските гости.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Аутомотив груп“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на 12 возила за прва помош

Редакција

По колку вработени имаат и колку трошат на плати Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М

Редакција

Бензините поевтинуваат за еден денар, цената на дизелот останува иста

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница