еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

И покрај „заканите” од Грција со евроинтегративниот пат на Албанија, градоначалникот од грчката заедница останува во притвор

Албанскиот специјален првостепен суд за корупција и организиран криминал ја потврди мерката притвор за новоизбраниот градоначалник на гратчето Химара, Фреди Белери.

Тој притворот ќе го издржува во затворот со висока безбедност “313” во Тирана.

Истата мерка е потврдена и за неговиот соработник Пандели Какавеши, двајцата уапсени два дена пред локалните избори што се одржаа на 14 месецов под сомнение за купување гласови.

Адвокатите најавија жалба до Апелацискиот суд.

– Фреди Белери само бара правда од судот, не прифаќајќи го сомнежот што се покрена против него. Утре, според одлуката што е донесена денеска, ќе го оствариме правото на жалба до Апелациониот суд. Тврдиме дека нема основано сомневање и не треба да се изречат безбедносни мерки за двајцата, рече адвокатот.

Медиумите пренесуваат дека според обвинението, Фреди Белери е фатен во момент кога купува осум гласа за 40 илјади лека( 400 евра).

-Неговото апсење наиде на реакции и од грчката страна, која често бараше негово ослободување. Но и покрај “заканите” од Грција со евроинтегративниот пат на Албанија тој останува во притвор.

Премиерот Еди Рама, коментирајќи ги острите реакции на официјална Атина, рече дека албанската правда не може да се оспорува и дека мора да постапува исто за сите, наведува Ора њуз.

Според медиуми веднаш по соопштувањето на одлуката група граѓани се собрале пред албанската амбасада во Атина на протест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Граѓаните на Химара го избраа за градоначалник грчкиот кандидат кој заврши во притвор и ги скара Албанија и Грција

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Господине Сулејман Реџепи наместо закани од Вас се очекува помош

Редакција

Од утре без маски на отворено, свадби до 100 гости, но полицискиот час продолжува до 15 јуни

Редакција

23-годишник од Мала Речица е вториот осомничен за симнувањето на знамето на МПЦ на Попова Шапка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница