еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

И привремениот премиер на Бугарија ја потврди позицијата на Софија за Македонија

Претседателот на привремената Влада на Бугарија, Стефан Јанев на днешната средба со министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантош Силва и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји ја повторил бугарската позиција за приклучувањето на Северна Македонија кон Европската Унија, јави дописникот на МИА од Софија.

Главна тема, според соопштението од прес-службата на бугарската Влада, била европската перспектива на државите од Западен Балкан во рамките на процесот за проширување на Европската унија.

Во фокусот на разговорите биле предизвиците што стојат пред приклучувањето на Република Северна Македонија и можностите за подобрување на дијалотот со Република Бугарија.

Со оглед дека Португалија е актуелен претседавач со ЕУ, од страна на гостите била изразена подготвеност за посредување во разговорите меѓу двете држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема промена на позицијата на Бугарија во однос на Македонија, вели министерот Стоев по средбата со Вархеји и Силва

За Бугарија неприфатлив предлогот: БГНЕС објави детали од решнието за надминување на спорот со Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Рамно на чудо е да очекуваме некаков договор помеѓу Скопје и Софија за францускиот предлог, но одлуката е на политичките актери, вели Кацарска

Редакција

Европската комисија покренува инвестициски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан

Редакција

Европска Комисија: Не блокираме извоз на вакцини без причина, „АстраЗенека“ не ги почитува договорите склучени со земјите-членки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница