еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И шефот на кабинетот на премиерот, Мартин Попов, со полесни симптоми на труење

По напуштањето на Инфективната клиника, премиерот Димитар Ковачевски е во добра здравствена состојба и од утре се враќа на работа, информира на денешната прес-конференција владиниот портпарол Душко Арсовски.

– Премиерот Ковачевски со болки во стомакот, од веројатно труење од храна, беше примен на Инфективната клиника во Скопје, каде што му беше пружена целосна нега и бидејќи состојбата му се подобри вечерта, зборуваме неделата кон понеделник, е задржан заради опсервација, а утредента е пуштен во сосема добра здравствена состојба, истакна Арсовски.

Тој нагласи дека на сите настани каде што присуствуваат високи функционери, па така и на Економскиот форум во Делфи, се преземаат мерки и активности за проверка на исправноста и безбедноста на храната и пијалоците кои што се консумираат.

– Премиерот ниту јадел, ниту се движел надвор од протоколите во овој период, рече Арсовски и посочи дека сите околности за овој случај се испитуваат и во наредните денови ќе има повеќе детали.

Владиниот портпарол посочи дека врзано со Економскиот форум во Делфи нема информации дали има други случаи на труење. Тој рече дека во моментов има информации дека шефот на Кабинетот на премиерот имал полесни симптоми и е во добра здравствена состојба.

– Во однос на храната и пијалоците кои што ги консумираат личностите под заштита, претходно според закон се преземаат мерки и активности за проверка на нивмната исправност во однос на безбедноста и евентуалните ограничувања во поглед на исхраната која би ја имала конкретната личност.

Овие мерки се преземаат континуирано и секојдневно, иако во одредени ситуации можеби не може однапред да се предвидат таквите ситуации. Не е исклучена можноста да се консумира храна или пијалок која не подложела на соодветна проверка согласно практичните процедури на постапување, рече Арсовски.

Инаку шеф на кабинетот на премиерот е Мартин Попов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски ја минал ноќта во болница, причината веројатно е труење со храна

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР пуштило повеќе ленти на границата Табановце на барање на Стопанска комора, чии членови се вакцинираат во Ниш

Редакција

Јанакиески се заразил со Ковид-19, не дојде на судењето за „ТНТ“

Редакција

Во Македонија има 300 бегалци од Украина, кои поради нерешен статус неможат да работат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница