еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И судењето за „ТНТ“ ќе стартува од почеток, поротничка поднесе неотповиклива оставка

Судењето за предметот „ТНТ“ за уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски се враќа од почеток, откако еден од членовите на судечкиот совет дал неотповиклива оставка.

Судијата Огнен Ставрев на почетокот на деешното рочиште, информираше дека Судот добил писмено барање од судијата – поротник Лилјана Ивановска Кочковска, со кое таа дава неотповиклива отставка.

Во писмото од Ивановска Кочковска, посочи судијата Ставрев, таа наведува кога дала заклетва и кога и прекинала функцијата, како и дека има здравствени проблеми.

– До одбраната. Ако е како што тврдевте, дека вашите барања изминатите два месеци биле за целисходноста на постапката имате шанса да ја потврдите намерата. Ако е интерес на правдата можете до утре на рочиште да ја потврдите намерата и да ја почнеме постапката одново но, да го поминеме само со читање на досегашните материјали без повторно сослушување сведоци, рече судијата Ставрев.

Во судница денеска не беа присутни обвинетите Тони Трајковски и Елизабета Најдовска.

На прашање од судијата Огнен Ставрев до адвокатите Јовица Страшевски и Мерџан Даути каде се нивните клиенти, тие рекоа дека немале уредна покана за денешното рочиште.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пандемија со Ковид-19, бугарско вето за ЕУ, Македонија стана членка на НАТО: Настани кои ја одбележаа 2020

Редакција

Парното поскапува за 4,5%: За просечна сметка од 1.800 денари, плус 80 денари

Редакција

Водата во Берово не е за пиење

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница