еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И тие што се вакцинирале во Србија ќе можат во Македонија да добијат зелен пасош

Зелениот пасош за граѓаните на Северна Македонија кои се вакцинирале против коронавирусот, ќе важи и за оние граѓани кои се вакцинираа во Република Србија, посочи министерот за здравство Венко Филипче во одговор на новинарско прашање и додаде дека се што треба да се направи е да се најават на апликацијата и да се испрати електронска пошта со нивни податоци, а кју-ар кодот на сертификатот, што е добиен од која било држава се скенира.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонците кои се вакцинираа во Србија може да добијат и српски зелен пасош

-Кју ар кодот ќе биде генериран и видлив во апликацијата и сите други кју-ар кодови наменети за ПЦР тестирања, од следната недела.

За време на престојниот викенд и следната недела ќе се споделат технички податоци преку системот на Мој Термин што треба акредитираните лаборатории да издадат како свој документ за да на таа апликација може да има код, што ќе ги содржи податоците за вакцина или за секој следен ПЦР тест што ќе биде направен, а ќе се генерира со тоа што ќе се внесе кодот во апликацијата, објасни министерот Филипче.

На прашањето каде би бил валиден зелениот пасош и дали македонските граѓани ќе можат да патуваат во Европа со него, Филипче истакна дека е важно да имаат пристап од документите што се доказ дека лицето поседува имунитет, односно ПЦР тест, документ за вакцинација или тест за антитела.

-Важно е освен документи во хартиена форма да имаме и апликација за што и да биде побарано од нашите граѓани при патување во која било земја ние да бидеме подготвени, додаде Филипче.

Тој посочи дека македонскиот зелен пасош е усогласен со критериумите на европскиот зелен пасош, односно се води по критериум на Комон пас апликацијата, што е најшироко прифатена и на аеродромите и земјите членки во Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Електронските сертификати за патување ќе ги издаваат од следната недела матичните лекари

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До вторник променливо, облачно, врнежливо и посвежо време

Редакција

Нелогичности: Владата ги намалува казните, а предвидува повеќе пари во буџетот од глоби

Редакција

Нови 358 случаи на Ковид-19 од 2.275 тестирања, во Скопје 173

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница