еМагазин
Image default
Македонија

И вицепремиерот Љупчо Николовски негативен на Ковид-19

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски е негативен на Ковид-19.

Преку Фесјбук профил тој ја информираше јавноста дека денеска се тестирал и дека тестот е негативен.

– За време на сите мои активности, максимално и одговорно ги почитувам мерките за заштита на здравјето. Но, поради природата на мојата работа се тестирав за Ковид 19 и тестот е негативен. Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас. Да ги почитуваме мерките и да дадеме придонес во борбата против коронавирусот, напиша Николовски.

Тој воедно апелира да граѓаните ги носат маските, да ја држат потребната дистанца и да вршат дезинфекција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев негативен на Ковид-19

Министерот Спасовски позитивен на Ковид-19, имал благи симптоми

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

135 нови случаи на Ковид-19 од 1.514 тестирања

Редакција

Ковачевски: Со Петков ќе разговараме за напредокот на разговорите меѓу министерствата за надворешни работи

Редакција

За Германија е незамисливо за Албанија да каже да, а Македонија да ја остави, вели за СП германската амбасадорка

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница