еМагазин
Свет

И во време на пандемија се трошеле пари за оружје, лани во светот потрошени рекордни 1,93 трилиона долари

Седма година по ред има раст на глобалните трошоци за одбрана, па така лани тие достигнаа рекордни 1,93 трилиона долари, покажуваат податоците на информативно-аналитичкиот центар „Џејн“.

Ова сума е за 1,9 отсто поголема отколку во 2019 година.

Најголем раст, од 5,6 отсто, на потрошени средства за оружје е регистриран во Европа.

Аналитичарите предвидуваат дека годинава ќе има забавување во глобалното трошење за одбраната, а причината се последиците од пандемијата на коронавирусот.

-Најсериозно влијание пандемијата врз финансирањето ќе има во 2022 година, кога владите ќе почнат да ги намалуваат трошоците, изјави аналитичарот на „Џејн“, Ендру Мекдоналд.

Според него, до 2030 година трошоците за одбрана ќе се зголемат на 2,23 трилиона долари.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бекам и го остапи својот Инстаграм профил на украинска докторка

Редакција

(Видео) Путин облече скафандер и ги посети заразените од корона вирусот во Москва

Редакција

Трамп, Макрон и Путин не доаѓаат на самитот во Давос

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница