еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

„Илинденска“ и утре останува блокирана, превозниците ги канат граѓаните да ги посетат нивните автобуси

Приватните автобуски превозници попладнево за МИА информираа дека нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден“ пред Градот Скопје.

„Секој што сака да го донесе своето дете или внуче, да ги разгледаат автобусите внатрешно, да седнат на возачкото столче, да свирнат со сирените на автобусите, да го држат воланот во рацете, да се почувствува како возач на автобус, повелете добредојдени сте, а сето ова ќе биде надгледувано од лице задолжено за надзор во Ваше присуство, велат за МИА од Здружението на приватни превозници „Слобода превоз“.

Приватните превозници порачуваат дека се наоѓаат на посочената локација 24 часа, а најидеално време на посетата е од 9 до 17 часот.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шалтерите за издавање готови документи во МРТВ и Беко ќе работат денеска до 16 часот

Редакција

Охридскиот регион останува на листата на УНЕСКО, а остануваат и препораките за негова заштита

Редакција

Мистериозен како и Катица Јанева: Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница