еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Имунитетот стекнат со вакцинација и ревакцинација е подолг, отколку со прележување на Ковид-19, вели Филипче

Во интервју за телевизијата Сител, министерот Венко Филипче повтори дека вакцинацијата е единствениот механизам за излез од корона кризата. Со примени две дози, напомена, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход ако некој се зарази.

– Има докази дека вакцината дава резултати, се докажува и ефикасноста. На милион дадени дози нема посериозен несакан ефект освен вообичаено црвенило или покачена телесна температура.

Во промили се мерат бројките на вакцинирани, а новодијагностицирани и заразени, истакна министерот и укажа дека се оптоварени болниците токму во градовите каде што е помал опфатот со вакцинацијата како во Тетово, Куманово, Гостивар.

Филипче потенцира и дека подолготраен е имунитетот стекнат со вакцинација и ревакцинација, отколку со прележување.

-Колективен имунитет се стекнува само со вакцинација и докажано е дека е потраен од оној стекнат со прележување на болеста. Битно е и тоа што со вакцинацијата ќе покажеме дека водиме сметка и за другите земји, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема доволно имунитет со прележан Ковид-19 или со една доза вакцина, порачува Филипче

Доктор Даниловски: Прележаниот само со една доза развива посилен имунитет од непрележаниот вакциниран со две дози

Проф. Трајковски: Во Македонија е можен колективен имунитет само на источноазиски начин

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грипот зема замав, трипати поголем број на заболени во однос на минатата недела

Редакција

Со магнетна стимулација до безболно заздравување на атрофираните мускули

Редакција

Апасиев со интересна забелешка за разликата во цената на кафето во Собрание и во студентско бифe: „Каде бе вака другари?“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница