еМагазин
Image default
Локално

Инцидент меѓу браќа во Скопје: Им го пресекол патот со црн мерцедес и им се заканувал со пиштол

На 24.04. во 16,00 часот во Единицата за известување и команда во Скопје, С. С. (43) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 13,00 часот додека заедно со неговиот брат И.С се движеле со неговото патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, по обиколница од Скопје кон Тетово, во близина на клучка „Радишани“, пред да се исклучат, патот им го пресекло, патничко моторно возило марка “мерцедес“, црна боја, со непознати регистарски ознаки, информира МВР.

„Кога возачот на „мерцедесот“ го отворил прозорот, пријавителот видел дека тоа е неговиот брат Е.С. кој бил заедно со неговиот син, кој му упатил вербална закана по неговиот и животот на неговото семејство.

Истовремено  Е.С им се заканил на двајцата браќа со вперен пиштол кон возилото во кое биле С.С. и И.С. по што пријавителот и сопатникот се исплашиле и побегнале од местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кои се најдобрите трговски објекти за 2021 во категоријата салони за мебел

Редакција

Отстранет дефектот на цевковод во рудникот САСА

Редакција

Со остар предмет нападнат затвореник во Идризово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница