еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Индустриското производство во јули со пад од 5%

Индустриското производство во јули годинава во однос на на јули лани е намалено за пет проценти. Во периодот јануари – јули годинава споредено со истиот период лани бележи раст од 1,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Гледано по сектори, индустриското производство во јули годинава во однос на јули лани бележи опаѓање од 5,6 проценти во Преработувачка индустрија, а од 12,2 проценти во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 12,2  проценти. Пораст од 7,3 проценти има во секторот Рударство и вадење на камен.

Според ДЗС, намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во одделите: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во јули 2022 година, во однос на јули 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 5,1 проценти, Интермедијарни производи, освен енергија за 12,8 проценти, Капитални производи за 1,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,5 проценти.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од сепса почина новороденче од Прилеп, мајката ги обвини сестрите и докторите за негрижа

Редакција

Теодорос Апостолопулос поднесе оставка од Управниот одбор на „Мермерен Комбинат“

Редакција

Министерство за образование и наука склучи договор со Хилдин комерц вреден 1,7 милион евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница