еМагазин
Image default
Македонија

Инфективното одделение при Велешката болница го зголемува капацитетот на легла

На Инфективното одделение при Опшата болница во Велес поради зголемениот прилив на болни со Ковид-19, е зголемен капацитет за 11 легла, од постоечките 35 на 46 болнички легла.

До крајот на неделава ќе се додадат уште осум легла преку оспособување на некои простории на ова одделение, информира за МИА доктор Весна Неделковска Николова.

Добра вест, вели таа, е што денеска од ова одделение се испишани девет излекувани пациенти од Велес и од неколку градови од Повардарието, кои се лекуваат во Велешката болница.

Вчера на ова одделение со 35 легла целосно беше пополнет бројот на кревети, поради што раководниот тим на ЈЗУ Општа болница Велес донесе одлука за дополнување на бројот на кревети.

Со денешното пуштање дома на девет излекувани пациенти моментално на одделението се лекуваат 26 пациенти од кои 24 позитивни на Ковид-19 и двајца сомнителни. Девет пациенти се на кислородна поддршка.

Како што информира др Неделковска Николова, еден 41-годишен пациент поради влошена состојба бил префрлен на Клиниката за Инфективни болести во Скопје.

МИА/Фото: Општина Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немало да има ново вето, ако има уставни измени, уверува холандскиот амбасадор

Редакција

За да му ги вратат пасошите, Камчев ја зголемил кауцијата на 3.180.000 евра

Редакција

Случај „Транспортер“: Екс-градоначалникот на Битола, Владимир Талески осуден на осум години затвор

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница