еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Иницијатива за укинување на забраната за превоз на велосипеди во воз

Граѓаните покренаа иницијатива да можат велосипедите да ги транспортираат со воз, бидејќи неколку години веќе е воведена забрана.

„Оваа иницијатива е граѓанска, согледувајќи ја нелогичноста во нашето општество да се залагаме за здрава животна средина, да промовираме екологија, а од друга страна да забрануваме транспорт на велосипеди со воз.

Неколку години наназад е воведена забраната за транспорт на велосипеди со воз. За разлика од современите европски и светски општества во кои толку силно се огледуваме и се стремиме кон нив, во практичниот живот целосно одиме во спротивен правец.

Во Хрватска, на пример, се субвенционира возната карта ако со себе имаш велосипед ( значи имаш помал износ за 10 или 20%).

Во Македонија треба да се молиш да дојде „Шпанецот“ па ако веќедојде, а сте група од 7 или повеќе велосипедисти, треба само 5-мина да се качат (останатите не смеат) и дополнително да платат 190 денари за велосипедска карта.

Наша иницијатива е слободен транспорт на велосипеди, редовна патничка карта за корисникот и симболичен надомест за велосипедот (50-60 денари)“, се вели во објаснувањето на оваа иницијатива.

Доколку ја поддржувате потпишете се на линкот ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кандидатот за пратеник Сафет Бишевац, позитивен на корона вирусот

Редакција

МВР: Се злоупотребуваат стари случаи со исчезнати лица за да се шири страв кај граѓаните

Редакција

Биоинженерот Кунгуловски низ лично искуство дава одговори, што не „штимаше“ во третманот на заболените од корона вирусот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница