еМагазин
Свет

Институт Роберт Кох: Деновиве во Германија можни се по 10.000 новозаразени со Ковид-19 на ден

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан предупредува дека ситуацијата е загрижувачка и оти мора да се запре експоненцијалното ширење на коронавирусот.

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 4.058, што е речиси двојно повеќе од претходниот ден, покажуваат денешните податоци на Институтот за заразни болести Роберт Кох.

Ваков скок на бројот на новозаболени лица во Германија не е забележан од април. Вкупниот број на заразени сега е 310.144.

Од Ковид-19 починаа уште 16 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 9.578.

Институтот Роберт Кох соопшти дека во следните денови може да се очекуваат по 10.000 нови случаи на ден.

Според Институтот, само осум проценти од случаите во Германија биле увезени од странство.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан предупредува дека ситуацијата е загрижувачка и оти мора да се запре експоненцијалното ширење на вирусот.

– Бројот на новозаразени надмина 4.000. Тој е речиси двојно зголемен и експоненцијално расте. Секој мора да стори сè со цел заразата да не излезе од контрола – напиша Норберт Ретген, висок функционер на владејачките демохристијани.

Во Берлин и Франкфурт веќе се воведени ограничувачки мерки, а рестораните навечер не работат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Сателитски снимки покажуваат колку е уништена Газа по нападите од Израел

Редакција

Зеленски доби „корпа“ од ЕУ: Исклучена е можноста за брз пристап на Украина во Унијата

Редакција

Фејсбук им забрани на руските државни медиуми реклами и монетизација на платформата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница